Пронајдена марихуана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, на местото Видиковец на Водно, го лишиле од слобода С.Ѓ. (37), затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајден нож кај дваесет и двегодишник

На улицата Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода дваесет и двегодишниот О.С. од Скопје, бидејќи при претрес кај него пронашле нож. Тој бил приведен поради прекршување на Законот за оружје. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уапсени две лица од Руската Федерација

По претходна судска наредба од ОВР-Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во соба од хотел во Гостивар, при што биле затекнати Р.А.В. (36) и У.А.А. (30), двајцата од Руската Федерација, а при извршениот претрес била пронајдена и марихуана. Пронајдените предмети биле одземени, а двајцата приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Едно лице уапсено на аеродром, друго на граница

На граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција, било констатирано дека дваесет и осумгодишниот Ф.Р. од селото Арачиново, Скопско, се наоѓал на листата со мерка „апси“, и тоа по барање на Основниот суд Скопје 1, поради сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од полициската станица во Кисела Вода за спроведување до казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Уште едно лице, овој пат од Косово, било уапсено на граничниот премин Долно Блаце. Триесет и шестгодишниот Л.Б. при обид да ја премине границата, а при проверка од страна на надлежните службеници, се наоѓал на листата „апси“ по барање од Интерпол – Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Повреден работник

Вработен во фирма на булеварот Борис Трајковски од селото Орешани бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, бидејќи при извршување на работните обврски, тој паднал и добил тешки телесни повреди. Станува збор за лицето П.Т. (64), а за настанот бил известен и трудов инспектор.