Пронајдени четворица мигранти во реонот на селото Лојане

Полициски службеници од Полициската станица во Сопот, во реонот на селото Лојане, кај местото Воденица пронашле четири лица мигранти од Пакистан, при што А.С. (20) од Пакистан бил лишен од слобода, бидејќи кај него била пронајдена марихуана, како и поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. А.С. им е предаден на полициски службеници од СВР-Куманово и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека преостанатите лица се пренесени во Транзитниот центар во Табановце за понатамошна постапка.

Двајца возачи загинаа во сообраќајна несреќа кај Три Чешми

На експресниот пат Штип – Кочани, во близината на населбата Три Чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И. (39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М. (40) од Велес. Од екипа на итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Во незгодата повреди добил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К. (30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Штип и од јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20 часот, сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип – Кочани.

Дури 599 санкции за пребрзо возење

Во текот на завчерашниот ден (20.6.2021), Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возилата што се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 599 возачи.

Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територијата на СВР-Скопје – 106, СВР-Штип – 99, потоа на територијата на СВР-Охрид – 71, на автопатот Скопје – Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР-Тетово – 63…
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од министерството.