Дури 154 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на завчерашниот ден (13.6.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Скопје се изречени вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол.
Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 32 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 14 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.

Момче од Демир Хисар физички нападнало полициски службеник

На 12.6.2021 во 23 часот во Демир Хисар од полициски службеници бил лишен од слобода Д.Б. (23) од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение дека на ул. Битолска, пред угостителски објект, физички нападнал полициски службеник, кој вршел службени дејства. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Извадено безживотно тело на рибар од езерото Калиманци

Во саботата изминатиот викенд, околу 14 часот, на местото викано Скалата, во атарот на селото Илиово, Делчевско, од страна на полициски службеници од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од ОВР-Делчево, од водите на езерото Калиманци е извадено безживотното тело на Т.С. (51) од Делчево, за кого во 12.20 часот во Полициската станица во Делчево било пријавено дека се оддалечил од домот и отишол на риболов. Малку подоцна од езерото било извлечено и патничкото возило „застава 128“, со кочански регистарски ознаки, кое Т.С. го управувал. Увид извршиле увидна екипа и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Делчево, по чија наредба телото е предадено за обдукција.