Нови 64 мигранти оставени во возило во Струмица

Нови 64 мигранти завчера се најдени од полицијата во товарно моторно возило марка „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки. Мигрантите, сите од Бангладеш, биле оставени во возилото, пресретнато од полицијата околу 19 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во Струмица. Полициски службеници од СВР-Струмица најпрвин го забележале товарното моторно возило за кое претходно веќе имале информација дека превезува мигранти. Откако полицијата дала знак за запирање на возилото, возачот го напуштил возилото и побегнал од местото. Во возилото полицајците ги пронашле 64-та мигранти, а потоа ги сместиле во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија.

Жител на Хиподром нашол кашикара во двор

Жител на скопската населба Хиподром пронашол експлозивна направа во сопствениот двор. Направата ја нашол завчера додека извршувал градежни работи во шахта, а веднаш потоа го пријавил случајот во СВР-Скопје. Во неговиот дом веднаш пристигнале полициски службеници од Полициска станицата во Гази Баба и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба „М-75“ позната како бомба кашикара. Увидот на местото на настанот го извршила екипа од СВР-Скопје.

Две деца се повредени во сообраќајка во Горно Свиларе

Две деца во скопското село Горно Свиларе добиле повреди откако едното на возраст од 13 години управувало велосипед и ненадејно удрило во другото единаесетгодишно дете, кое било пешак. Во незгодата повреди добиле двете деца, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Штипјанка прегазена на пешачки премин

Седумдесет и двегодишна жена била прегазена на пешачки премин во Штип. Кога во неа удрил „мерцедес вито“ со велешки регистарски ознаки управуван од П.С. (56). Штипјанката Л.Б. во незгодата добила тешки телесни повреди, по што ѝ била укажана лекарска помош во болницата во Штип.