Гостиварец лишен од слобода за поседување марихуана

Едно лице од Гостивар во саботата е лишено од слобода во Скопје, поради поседување марихуана. Станува збор за дваесет и девeгодишниот Е.Б, кој во 16.50 часот, полициски службеници од СВР-Скопје го пресретнале на патот од Средно Водно кон Нерези и го запреле. Откако му извршиле претрес, кај него пронашле марихуана, а потоа го привеле.

Скопјани се однесувале агресивно

На истиот ден на две различни локации во Скопје се приведени и две други лица поради агресивно однесување кон полицијата. Во првиот случај во 13.30 часот на кејот „Димитар Влахов“ од полициски службеници била приведена дваесет и тригодишната З.К. од Скопје, затоа што таа агресивно се однесувала кон полицајците, кои само извршувале службена должност. Во 15.50 часот, пак, на улицата Наум Наумовски-Борче лишен бил од слобода четириесет и тригодишниот П.Е.од Скопје, исто така поради агресивно однесување кон службениците на МВР.

Во Штип пронајдена неактивирана направа од Првата светска војна

Штипјанец на возраст од 56 години во саботата при рушење стар објект на улицата Христо Ботев во Штип, пронашол неактивирана експлозивна направа од Првата светска војна и стара боева муниција со различен калибар од турско производство. Истиот ден во 13.40 часот тој го пријавил случајот во СВР-Штип.
По пријавата на местото пристигнале вработените од Дирекцијата за заштита и спасување-Штип. Од стручно лице, пронајдената експлозивна направа и муниција биле подигнати за понатамошна постапка.

Жител на Скопје приведен за превезување мигранти

Жител на Скопје на возраст од 26 години е приведен од полицијата, бидејќи превезувал мигранти од Бангладеш. На 21.6.2020, околу 11.10 часот, во близината на бензинската пумпа на магистрален пат Овче Поле – Велес, кај местото Делисиска Пруга полициски службеници од Полициската станица во Свети Николе го запреле Љ.А. од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „порше-каен“ со скопски регистарски ознаки. Тој во него превезувал 12 лица – мигранти од Бангладеш.