Тројца лишени од слобода поради поседување марихуана

Тројца речиси врсници на 24, потоа на 26 и на 27-годишна возраст полицијата лишила од слобода поради тоа што при извршен преглед кај момчињата била пронајдена марихуана. Најпрвин на 16.6.2020 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР-Скопје во селото Драчево на местото Три Круши, ги лишиле од слобода дваесет и четиригодишниот Ф.С. и дваесет и шестгодишниот Т.М., двајцата од Скопје. Кај нив при извршен преглед била пронајдена марихуана. Наредниот ден на 17.6.2020 во 2.25 часот, полициски службеници на улицата Коста Новаковиќ го лишиле од слобода лицето П.Р. на возраст од 27 години исто така жител на Скопје.

Приведено дваесетгодишно момче за носење нож на расклопување

Дваесетгодишно момче е приведено од полицијата затоа што кај себе носело нож на расклопување, а службениците имале сомнеж дека лицето има сторено прекршок од Законот за оружје. На 16.6.2020 во 13.30 часот, од полициски службеници од СВР-Скопје на булеварот Никола Карев при извршен преглед кај Б.Д. (20) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

Две лица искасани од кучиња скитници

Две лица во вторникот биле каснати од улични кучиња, а нивните пријави биле доставени во полициските станици Гази Баба и онаа во Општина Шуто Оризари. Во полициската станица во Гази Баба лицето А.А. пријавило дека на улицата ‚Јужноморавски бригади бил каснато од куче скитник. На истиот датум во 22.20 часот во Полициското одделение во Шуто Оризари, Н.Ј. на возраст од 24 години пријавила дека на улицата Хаџи Јован Шишков нејзиниот 16-годишен син бил каснат од куче скитник.