Кај повеќемина пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР-Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Н.К. (24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Марихуана била пронајдена и на улицата Македонско-косовска бригада, кога полицијата ги уапсила Ф.Б. (23), Е.Р. (42) и С.Б. (33), сите од Скопје. На клучката кај Арачиново полициски службеници го уапсиле С.А. (36) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкеста материја. По документирањето на случаите, против сите нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Велосипедист настрада во Тетово

На улицата Љуботенска во Тетово патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А. (53) од селото Синичане удрило во велосипед, управуван од М.С. (74) од Тетово. Во незгодата, велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

Од Студеничани крадел во Гостивар

Педесет и четиригодишниот А.С. од Студеничани бил уапсен и приведен во полициската станица во Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешки кражби, како и други кривични дела на подрачјето на Гостивар. Тој наедно по телеграма се барал заради издржување казна затвор за сторено кривично дело тешка кражба.

Уапсен поради нерегулиран престој

На улицата Гоце Делчев во Кичево, во местото Берза, полициски службеници го привеле A.K. (25) од Албанија поради прекршок по Законот за странци, односно нерегулиран престој во Македонија. Тој бил задржан во ОВР-Кичево.

Нелегално пренесувал дванаесет мигранти

Во СВР-Велес е лишен од слобода А.С. (45) од селото Лојане, Липковско, поради тоа што на автопатот Градско – Велес. Во близината на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, било утврдено дека во возилото превезувал 12 мигранти, од кои десет од Авганистан и двајца од Иран.

Загина мотоциклист во Сарај

Во селото Сарај, Скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (43), и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О. (21). Во незгодата, мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.фатен центар за понатамошна постапка.