Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пронајдени нож и марихуана кај малолетник

На улицата Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници уапсиле седумнаесетгодишен малолетник од Гостивар, бидејќи по извршен претрес над него и во неговиот дом по претходно издадена судска наредба биле пронајдени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Тешко повредени мотоциклисти

Се случи сообраќајна несреќа, во која патничко моторно возило управувано од К.М. (21) удрило во мотоцикл управуван од М.Б. (22). Несреќата се случила на крстосницата на улиците Бертранд Расел и Николај Островски во Скопје. По незгодата со возило на итна медицинска помош М.Б. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
На крстосницата на улиците Индустриска и Солунска, пак, во Битола, товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од П.М. (48) од Битола удрило во мотоцикл со битолски регистарски ознаки управуван од седумнаесетгодишен малолетник од Битола. По незгодата сопатникот на мотоциклот, петнаесетгодишниот малолетник од Битола, бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде што од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се повредила на работно место

Во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци била донесена со тешки телесни повреди М.Д.С. (37) од селото Бегниште, која се повредила при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Кавадарци.

Каснати од кучиња скитници

Во Секторот за внатрешни работи во Скопје, К.Д.(61) од Скопје пријавил
дека во близината на автобуска станица на улицата Лука Геров бил каснат од куче скитник. Во Полициската станица во Чаир, пак, В.М. (53) од Скопје пријавила дека на улицата Марко Крале во Скопје била касната од куче скитник.

Подигнати 38 возила со „пајак“

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи во Скопје се санкционирани еден возач поради неправилно престигнување, двајца пешаци поради сторени прекршоци и 38 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.