Фото: Илустрација

Сомнение за царински прекршок

На улицата Нов живот во Скопје, полициски службеници за време на забрана за движење, го лишиле од слобода Е.А. (20) од Скопје бидејќи не поседувал соодветна документација за мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, што го управувал, поради што постои основано сомнение за сторен царински прекршок, односно шверцуван мотор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадел дрва со „мерцедес“

Триесет и едногодишниот М.Љ. од селото Блаце бил уапсен во Волково, бидејќи управувал товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни дрва без соодветна документација.

Со пиштол му се заканувал на полицаец во Кондово

Дваесет и осумгодишниот Ш.И. од Скопје бил уапсен од страна на полицијата, откако во Кондово со пиштол му се заканил по живот на еден од полициските службеници, по што се обидел да го напушти местото на настанот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од автомобил пукал со огнено оружјево Куманово

Во СВР-Куманово било пријавено дека на улицата ЈНА во Куманово едно лице, кое управувало патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки, испукало три куршуми од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово, при што биле пронајдени и подигнати три чаури.

Се карал со соседот, па пукал

Во селото Слупчане, Кумановско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово, при што била пронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето.

Удрил во бетонски столб во Ерџелија

На улицата Маршал Тито во селото Ерџелија, Светиниколско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С. (25) од Кочани, изгубило контрола и удрило во бетонски столб. По незгодата С.С. бил пренесен во Клиничка болница во Штип каде што од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.