Се преврте хеликоптер на МВР

Хеликоптер на МВР „МИ 17“ полетал од воздухопловната полициска база на хеликоптери Брест и слетал на аеродромот „Скопје“, со пет члена на екипажот, за да наполни гориво. Откако ги наполнил резервоарите со гориво и добил дозвола, почнал со полетување, но набргу се превртел на едната страна. Едно лице од екипажот добило телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР-Скопје на улицата Кичевска, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода К.Ѓ. (33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Приведен затоа што имал нож

На улицата Архиепископ Доситеј, полициски службеници од СВР-Скопје, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода А.М. (19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување.

Престојувале непријавено во земјава

Полициски службеници на СВР-Тетово од Одделението за внатрешни работи во Гостивар, во непосредна близина на мавровската крстосница, ги привеле А.Ѓ. (25) и К.Ѓ. (19) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето. Двајцата албански државјани се задржани во полициската станица во Гостивар за натамошна постапка.

Со возило излетал од патот

На магистралниот пат Охрид – Кичево, Е.А. (41) од селото Лабуништа, Струшко, управувајќи патничко возило БМВ, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот, а телесни повреди добил совозачот С.Н. (30) од Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ за укажување лекарска помош.

Каснати од кучиња скитници

Во полициската станица во Центар З.П. (44) од Скопје пријавил дека на кејот „13 Ноември“ неговата 16-годишна ќерка била касната од куче скитник. Во полициската станица во Аеродром, пак, А.М. (20) од Кичево пријавил дека на улицата Владимир Комаров бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.