Приведен поради агресивно однесување со полицијата

За време на забраната за движење, на раскрсницата од булеварот Никола Карев со улицата Лазар Личеновски, полициски службеници од СВР-Скопје го привеле А.Б. (44) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициските службеници што вршеле службени дејства. По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Две лица починаа во сообраќајна незгода кај Страцин

На патот Куманово – Крива Паланка, во местото Чешмиче, пред селото Страцин, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, управувано од Б.Ѓ. (55) од селото Железница, и патничко возило „фиат пунто“, управувано од И.М. (26) од Битола. Во незгодата од добиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ. (23) од селото Железница и И.М. биле пренесени во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, каде што Ф.Ѓ. починал. На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и од увидна екипа од СВР-Куманово.

Обид за силување младо момче во Чичево

Во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на нива во селото Чичево во Градско, кај местото Потколец, М.В. (47) од Косово, кој работел како најмен овчар, се обидел да изврши обљуба врз 16-годишник, но малолетникот успеал да избега. Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Четири лица нападнале семејство во околината на „Мавровка“

Дваесет и петгодишен штипјанец добил тешки телесни повреди и завршил на лекување во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, откако заедно со својата сопруга и брат биле нападнати од четири непознати лица, во близината на трговскиот центар „Мавровка“. За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тепачка во Скопје

Две лица на улицата Пелагонија, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка. Станува збор за А.Ѓ. (20) и А.Ф. (40), двајцата од Скопје. Направени се записници за констатиран прекршок по членот 11 од ЗППЈРМ.

Скопјанец нападнал ресенец

Во Ресен, на улицата Борис Кидрич, Ш.Р. (28) бил физички нападнат од С.Ф. (38) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.