Уапсен синот што го убил таткото кај Клиничкиот центар

Полициски службеници од СВР-Скопје го уапсија Д.А.(24), кој во неделата навечер на улицата Бигла, во близината на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, при семејна расправија, со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А. (55). Таткото се обидел да стигне до некоја од клиниките за да му биде укажана помош, но искрвавел по што починал, а синот е уапсен неколку часа подоцна.

Нападнал полициски службеници во Батинци

Дваесетгодишниот Ф.З. (20) од селото Батинци, Скопско, се однесувал агресивно кон полициски службеници од Полициската станица од Драчево, кои преземале службени дејства по членот 206 од Кривичниот законик на РСМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Го прекршиле полицискиот час додека сечеле дрва

Вработен во шумската полиција пријавил дека од селото Древеник кон селото Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од шумската полиција, на самото место излегол шумар од јавното претпријатие „Национални шуми“, кој ги затекнал лицата во атарот на селото Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат.

Од страна на шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и оти ќе биде документиран настанот, а против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП „Национални шуми“. Потоа лицата заминале од местото на настанот, а веднаш по пријавата од страна на полициски службеници од СВР-Битола излегле на терен во атарот на селото Долно Српци, каде што биле забележани неколку лица од селото Српци и од Прилеп. Истите тие не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на движење. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Син нападнал мајка

Во СВР-Скопје, Б.П. (55) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во куќа на улицата Виктор Иго, сопственост на нејзиниот поранешен сопруг А.Ц., по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, била физички нападната од нејзиниот син С.Ц. (28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инџиковец уапсен поради тешка кражба

Полициски службеници од СВР-Скопје на улицата Методија Андонов Ченто, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода С.М. (30) од селото Инџиково, Скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривичното дело „тешка кражба“. По документирање
на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Го полеал соседот со бензин и го запалил

Во Полициска станица од Прилеп било пријавено дека во гаража на улицата Никола Карев во Прилеп бил пронајден починат М.К. (66) од Прилеп. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 16.30 часот М.К. и неговиот сосед Д.С. започнале расправија, а М.К. го испрскал Д.С. со запалива течност, а потоа го запалил. Сопругата В.К. забележала чад од гаражата, по што го пронашла М.К. паднат на подот, без знаци на живот. Пожарот бил изгаснат, а од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Прилеп.