Работник добил тешки телесни повреди

На магистралниот пат Штип – Кочани, кај селото Чардаклија, А.Г.(38) од селото Жиганци, управувајќи работна машина „ОМ-фиат“, ја изгубил контролата над машината и се превртел. Во незгодата, возачот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош. На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР – Штип.

Повредени мотоциклисти во Богданци и во Радовиш

Во Богданци, на улицата Страшо Пинџур, С.Г. (33) од Богданци, управувајќи мотоцикл „лифан 50“, со гевгелиски регистарски ознаки, ја изгубил контролата над мотоциклот и паднал. Во незгодата, С.Г. добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Гевгелија, за укажување лекарска помош.
Во Радовиш, пак, на улицата Даме Груев, М.Т. (42) од селото Подареш, управувајќи мопед „гилера“, без регистарски ознаки, ја изгубил контролата над мопедот, удрил во паркирано патничко возило „рено“ и паднал на коловозот. Во незгодата тој добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, за укажување лекарска помош.

Во штипската болница однесено починато лице

Вработените во Клиничката болница во Штип пријавиле дека кај нив било однесено починато лице. Од увидна екипа од СВР-Штип, во содејство со ОЈО Штип и трудов инспектор, бил извршeн увид на местото на настанот, при што било утврдено дека околу 7.45 часот, Љ.А. (52) од Штип паднал при извршување работни задачи во каменолом, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што од страна на лекар била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Нападнат полицаец

Одделението за криминалистичка полиција во Штип поднесе кривична пријава против дваесет и деветгодишниот А.И. од Штип, поради сторено кривично дело „напад на службено лица при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот побарал интервенција од полицијата, а по пристигнувањето на полицијата, тој, под дејство на алкохол, почнал агресивно да се однесува и физички нападнал еден од полициските службеници.