Уапсена поради дрога

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Скопје, на кејот „Димитар Влахов“, ја лишиле од слобода С.О. (27) од Битола, затоа што при преглед кај неа била пронајдена прашкеста материја.

Пријавен за изгубен се вратил дома

Во полициската станица во Карпош, Ф.С. (41) од Скопје пред неколку дена пријавил дека неговиот син Е.А. (14) го немало дома. Вчера ја известил полицијата дека синот се вратил и нема никаква потреба од натамошен полициски ангажман.

Каснати од кучиња скитници

Педесет и шестгодишниот П.Д. во полициската станица Карпош, пријавил дека на улицата Јуриј Гагарин бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. Во полициската станица Чаир, пак, триесет и шестгодишната И.П. од Скопје, пријавила дека на улицата Радишанска била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Уапсен по потерница во Радовиш

Полициски службеници од полициската станица Радовиш, го уапсиле Ф.Ј. (24) од Радовиш, за кого била распишана потерница поради бегство од затворот во Струмица. Уапсениот потоа бил вратен кај надлежните во струмичкиот затвор.

Ограбена аптека на улицата Борис Сарафов

Шеесетгодишниот И.Х. од селото Љубин, Скопско, кој работел во аптека на улицата Борис Сарафов, пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба. Бил извршен увид од увидна екипа, при што е констатирано дека непознато лице насилно влегло во аптеката и одзело производи и пари. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Обид за силување во селото Баница

Четириесетгодишната Џ.М. од селото Баница, Струмичко, пријавила дека додека била во куќа во истото село, која била во сопственост на Т.М. со кого живеела вонбрачно, дошол неговиот брат Д.М., кој со закана со тврд предмет се обидел да изврши обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.