Фото: Архива

Бизнисменот Ардијан Амзоски бара отштета од 195 илјади евра на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, што претставува пониска сума од онаа наведена во обвинението, според кое Бојан Јовановски го довел во заблуда да му исплати 233 илјади евра. Згора, Амзоски се приклучува и кон кривичниот прогон кон сите обвинети.

Одбраната реагираше дека треба прво да се утврди неговиот статус пред да се прогласи за оштетен, додека судијката побара од Амзоски да достави дополнителна документација до судот.

Другиот оштетен во предметот „Меѓународен сојуз“, битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, денеска не беше присутен во судницата за да се прозинесе дали ќе има имотно побарување. Според обвинението, тој е оштетен за сума е 720 илјади евра.

Обвинителката Ивана Трајчева денеска започна со презентирање на писмени докази, а свои докази и сведоци најави и одбраната. На наредните рочишта ќе се изведуваат  снимки, пораки и вештачења.

Ременски, која се товари дека со својот углед и авторитет го поддржувала Јовановски на средбите со оштетените, во изјава за медиумите објасни дека предложила контра-докази за да ја побие тезата на јавното обвинителство.