Фото: Игор Бансколиев

Бизнисмените Зоранчо Митровски и Томе Главчев денеска треба да сведочат на судењето за случајот „Рекет“, а свој исказ треба да даде и адвокатот Влатко Бошков.

Судењето за „Рекет“ продолжува по две недели пауза, период кој обвинителството го искористи за распит на осомничените за „Рекет 2“. 

Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13.