Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица од беровското село Двориште затоа што за Стара нова година, односно Василица, биле затекнати на прослава во продавница.

Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од село Двориште, беровско за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– Пријавените, на 13 јануари околу 1 часот во продавница во село Двориште организирале прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест ковид-19 – соопшти МВР.