Жител на Берово на возраст од 43-години во полиција го пријавил својот тетин кој непристојно ја допирал неговата малолетна ќерка.

Според пријавата, додека 43-годишникот седел со својата сопруга во дворот на неговиот 60-годишен тетин од Берово, тетинот влегол во собата каде била неговата малолетна ќерка и почнал да ја допира по телото.

Шеесетгодишникот е лишен од слобода и задржан во полициската станица во Берово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.