Полицијата поднесе кривична пријава против А. М. (34) од селото Долно Палчиште, Тетовско, поради измама.

Во април 2021 година пријавениот се сретнал со В. Џ. (33) од Тетово и се договориле да го купи неговото возило „фолксваген пасат“, но да му плати наредниот ден.

– Наредниот ден В. Џ., пребарувајќи на интернет-страниците за продажба за возила, го забележал објавено неговото возило за продажба по што веднаш го побарал пријавениот, но тој не му се јавувал – велат од МВР.