Полициски службеници од СВР Скопје синоќа се обиделе да запрат возило на улицата Боца Иванова во Скопје, но тоа не застанало на даден знак и го напуштило местото на настанот. По ова на улицата Македонско-Косовска Бригада 10, истото возило удрило во бетонски столб и од возилото излегле две лица кои го напуштиле местото на настанот.

Од полицијата информираат дека на местото на настанот биле пронајдени, пиштол „берета“ 7,65мм, светла за сигнализација (флешери), одјавени скопски регистарски ознаки и туба за точење на бензин.

Возилото е подигнато од местотот на настанот за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.