Вчера во 11.50 часот на улица „Радишанска“ настанал пожар на терасата од куќата сопственост на П.С. (73) од Скопје.

Од МВР велат дека пожарот, според пријавеното, настанал откако П.С. запалила стари алишта, при што била зафатена балконската врата. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.