Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за да даде исказ во врска со предметот „Попис“. ОЈО за организиран криминал и корупција го презеде предметот од поранешното СЈО.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година. Според СЈО, тогашниот премиер Никола Груевски, кој сега е во бегство, и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, со запирањето на пописот нанеле штета на буџетот во висина од 2,8 милиони евра.