Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку Фејсбук истакна дека вечерва, во ноќта полна со вознемиреност и со болка, тој е со Тетово и со тетовци. Ахмети упати сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во тетовскиот ковид-центар, а на повредените им посака брзо закрепнување.

– Се сретнав со градоначалничката Теута Арифи, премиерот, министрите, како и со државниот јавен обвинител, заедно со полицијата и медицинскиот персонал. Ние инсистираме на темелна, длабинска и брза истрага за причините што предизвикаа толку многу болка за сите нас – напиша Ахмети