Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го започна своето денешно сведочење во случајт „Монструм“ претставувајќи се како пратеник.

– За овој грозоморен настан дознав следниот ден од медиумите. Беше многу трагичен настан. Сигурно дека сум разговарал со многу луѓе, ако вреди за судот и за јавноста сите мои разговори нека се прикажат јавно. Нормално е дека не можам да се сетам на сите детали, но сум зборувал за да ја видиме вистината за настанот, бидејќи бевме вознемирени. Јас и како претседател на партија и пратеник имав грижа, тоа не беше лесна ситуација, сите на некој начин бевме исплашени од овој настан и да не дојде до некој судир. Сите разговори беа со тој поглед со моите соработници. На детали може да ме потсетите. Тоа беше многу лоша ситуција за сите и за мене, и како за човек и како партија сум се обидувал да дадам придонес да се расчисти ситуацијата. Сум разговарал со меѓународната заедница, сум барал помош од госпоѓа Нуланд како помошник државен секретар на САД, како и од високи претставници на ЕУ. Одговорот на Нуланд беше дека тие не можат да помогнат во овој настан. И одговорот на ЕУ и САД беше дека тие веруваат на ОБСЕ – рече Ахмети.

Обвинителкатта Фатиме Фетаи го прша дали се сеќава на разговор со Сафет Незири.

– Не само со Сафет туку сум разговарал и со многу други луѓе за евентуално да не бидат без вина обвинети. Не негирам дека сум разговарал со него. Добро би било судот и сите да знаат што сум зборел со него – одговори Ахмети.

На 12.05.2012 година Ахмети од Сафет побарал да се формира паралелна комисија за расчистување со случајот. Фетаи праша што предизвикало сомнеж кај него за тој да побара паралелна комисија.

– Имавме потврдени и непотврдени информации дека може да се случат протести за овој настан и работите да излезат од контрола – рече Ахмети.

– Два дена после настанот на соговорникот му велите дека убиените биле класично стрелани. Какви ви беа сознанијата? – праша Фетаи.

– Информациите ги имав од органите, од институциите, бидејќи тие не биле само убиени туку масакрирани – одговори Ахмети.

– Биолошкиот материјал не им припаѓа на луѓето во кои се сомневаат, со исклучок на луѓето кои не се тука. Како знаете кои се луѓето што се осомничени во овој дел од истрагата, со оглед на тоа дека во тек била предистражна постапка? – праша Фетаи.

– Секогаш сум се повикувал за без докази да не се обвинува никој. Тоа било прашање што сум го разговарал со секого – рече Ахмети.

Сведочењето на Али Ахмети е во тек. Сведокот Бујар Османи го потврди своето присуство, но најави дека ќе задоцни.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште изуми да им дозволи на медиумите да снимат инсерти од судењето.

На минатото рочиште за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски – Радникот.