Од градската болница „Наум Охридски“ во поплaдневните часови на 29 април во полиција било пријавено дека кај нив бил донесен 28-годишник од Арачиново со тешка повреда нанесена со остар предмет.

По преземени активности во врска со случајот, полицијата утврдила дека во атарот на село Брњарци, 28-годишниот арачиновец бил нападнат со нож од страна на негов соселанец.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.