Фото: Илустрација

Едно лице е тешко рането во оружен инцидент во Арачиново, соопшти полицијата.

Според истиот извор, вчера на улицата „18“ во с.Арачиново-скопско И.В. од Арачиново кој управувал патничко моторно возило “Фиат Пунто“, го запрел возилото и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), којшто со возило бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот).

Причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.