Албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56) се приведени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ при обид за илегално преминување на државната граница од Македонија кон Албанија.

Како што соопшти МВР, тие биле приведени во 12.40 часот кај место викано „Кривска крстосница“. Двајцата биле предадени на инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.