Фото: илустрација

На граничниот премин „Аеродром-Скопје“ вчера во 05:30 часот при контрола и проверка било констатирано дека француската лична карта на И.П.(25) од Косово била фалсификувана, информира МВР.

Тој бил приведен во полициска станица, по што дал други лични податоци за себе, односно дека е И.В.(24) од Косово. Подоцна бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.