Потврдената осудителна пресуда во случајот за набавката на блиндираниот мерцедес познат како „Тенк“ од Апелациониот суд денеска е доставена до Кривичниот суд.

– Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ ,од Апелациониот суд – Скопје денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката– соопштија од Апелација.

Со оваа пресуда екс премиерот Никола Груевски треба да одлежи 2 години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски 4 години и 6 месеци откако Апелација му ја намали казната од 6 години и 6 месеци.