Апелацискиот суд одлучува по барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на мерката притвор. Обвинетиот во предметот „Рекет“ денеска беше донесен во судот и побара пред медиумите да го образложи своето барање за да излезе од притвор.

Бојан Јовановски посочи дека му е неопходен соодветен медицински третман, дека има проблеми со желудникот, но и со белите дробови. Терапија во притвор не примал, а пред судиите спомена дека треба да се лечи во болница.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека истрагата е завршена и Јовановски нема можност да ја попречува постапката, ниту пак да влијае врз сведоци. Од Вишото јавно обвинителство пак бараат обвинетиот во предметот „Рекет“ да остане во притвор.