Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди, а кога ќе го споредиме декември од 2020 и 2019 имаме намалување од 23 отсто, порача денеска од Кавадарци, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој нагласи дека како резултат на преземените активности од страна на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата.

Ангеловски истакна дека мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР вчера (21 јануари) спровела контроли на територијата на Кавадарци, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 47 за возење со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила…