Адвокатите на Никола Груевски и другите обвинети во случајот „Титаник“ побараа изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи, како што кажаа, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на ТВ 24 на 23 март кажала дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“.

Одбраната на Груевски побара да се провери дали судиите Ставрев и Шабани биле прислушувани.

Во Кривичниот суд денеска почна второто рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.

Сите обвинети меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, се присутни на денешното рочиште.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Судијата Шабани даде пауза по која треба да продолжи рочиштето за „Титаник“ во новата зграда на Кривичниот суд