Почетокот на денешното судење за случајот „ТНТ“ е одложено два часа. Судијата Огнен Ставрев им даде два часа за да извршат увид во предметот на адвокатите кои ги постави по службена должност на четворица обвинети вчера.

Судот вчера на адвокатите Дончо Наков, Мерџан Даути и Боро Тасевски, кои не дојдоа на судењето, им одреди парични казни од по 2.000 евра.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер  Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.