Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако вчера во неа удрил автомобил „Југо“, на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје.

Девојчето со тешки телесни повреди било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.