Десетгодишно дете со тешки повреди било пренесено во болница откако во него удрил автомобил во Куманово.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17.25 часот на улица Доне Божинов кога „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрил во 10-годишен пешак од Куманово.

Детето со тешки повреди било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.