Фото: Илустрација

Автомобил удри малолетен пешак во Штип, кој се здобил со тешки повреди, соопшти МВР.

Несреќата се случила вчера попладне на улицата „Косовска“ во Штип.

По незгодата пешакот веднаш бил хоспитализиран во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.