Автомобил синоќа удрил во маж, жена и дете на ул. Илинденска во с.Велгошти, охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. Лицата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.

Кај детето не биле констатирани повреди.

Екипа од СВР Охрид извршила увид на местото на настанот.