Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата 101 во Гостивар помеѓу патничко моторно возило „фолксваген т-рок“, управувано од А.Б.(68) од Гостивар и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(24) од Гостивар.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар – велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.