Автомобил „пежо 206“ паднал во езерце во Градскиот парк во Скопје. Фотографиите се објавени на фејсбук-групата „Ние сме од Скопје“.

Во напишаното на социјалните мрежи од групата прашуваат „Го чува ли некој паркот навечер?“, а засега не е познато како возилото се нашло во каналот и дали е извлечено.

„Пријавено е дека „пежо 206“ со скопски регистерски таблички паднало во каналот во Градски парк, кај мостот. Досега нема пријава за повредено лице. Упатени се полициски службеници на лице место, информираат од Министерството за внатрешни работи.