Вчера утрото околу 9 часот на кружниот тек кај хотел Континентал во Скопје 29-годишен скопјанец со автомобил удрил баба.

Од МВР информитаат дека станува збор за Т.А. (29) од село Сопиште, кој управувајќи патничко возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, удрил во 99-годишната А.Т. од Скопје.

Од ударот А.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.