Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје.

Со возилото управувал Т.В. од Крива Паланка, велат од полицијата.

Детето се здобило со тешки повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од полициска екипа.