Автомобил прегазил 4-годишно девојче

Сообраќајна несреќа во која дете се здобило со тешки повреди се случила вчера околи 22.15 часот на улицата „Благоја Паровиќ“ во Скопје.

Од МВР информираат дека  патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје.

-Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.  По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.