Четворица луѓе се повредени во судир на автомобил „фолксваген пасат“ и камион вчера на регионалниот пат Куманово – Св.Николе, во атар на с.Градиште.

Тешко е повреден 20-годишниот возач на автомобилот, од светиниколското село Долно Ѓуѓанце, кој итно бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Во незгодата повреден е и возачот на камионот, како и двајцата сопатници во автомобилот, кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.