На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје вчера автомобил излетал од коловозот и се превртел, возачот се здобил со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера околу 21.40 часот кога Е.Т.(23) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел.

Е.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извешила екипа од СВР Скопје.