Автомобил излета од локалниот пат Раковец – Боговиње во тетовското село Боговиње, при што четири лица се повредени.

Според пријавеното, сопатниците А. Џ. (68) и Х. Р. (47) од Боговиње, како и малолетничка од Пирок, добиле тешки телесни повреди, а М.Р. телесни повреди.

Четирите повредени лица се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош. Извршен е комплетен увид.