Автомобил марка „БМВ“ попладнево излета од автопатот кај Смилковско Езеро при што со повреди се здобило едно лице.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во полицијата е пријавено дека попладневно сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница кај Смилковско Езеро. Според пријавата возилото излетало, а едно лице е повредено и пренесено во Клиничкиот центар Скопје.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајната незгода.