Во 17:30 часот вчера на регионалниот пат Делчево-Берово, кај село Тработивиште, патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(37) од село Црник, Пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.

Како што соопштуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот и  бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид.