Возач се здобил со тешки повреди изутринава кога неговото возило „Ленд ровер“ излетало од патот во близина на селото Крупиште.

Полицијата соопшти дека денеска во 6:50 часот на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај село Крупиште, патничко моторно возило „Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излетало од коловозот.

Со возило на итна медицинска помош Г.С. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Екипа од Секторот за внатрешни работи Штип извршила увид на местото на несреќата. Поилицијата работи на расчистување на случајот.