На локалниот пат село Кадино-село Миладиновци, скопско, вчера утро околу седум часот патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот.