Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, на влезот во селото Зајас.

Според информациите на полицијата, вчера околу 12:20 часот автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(50) од Белград излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Д. (70) од Куманово.